22.05.2024
Наши ученици во текот на вчерашниот ден беа во посета на Народниот правобранител каде се запознаа со заменикот на народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.
Таа ги запозна со институцијата Народен правобранител и неговите надлежности, а воедно и одржа работилница за правата на децата.
22.05.2024
Презентација на ОСУ,, Јовче Тесличков” Велес на Саемот на средни училишта пред деветтодделенците и нивните родители во ООУ ,,Блаже Конески” Велес
11/05/2024
Горди сме на нашата ученичка Ангела Анастасова!
Таа е добитничка на стипендија за ,,Новинарски спринт” организиран од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД , ,,Младите размислуваат”, во кој беа избрани 8 средни училишта!
Ангела која го изучува дигиталниот маркетинг во нашето училиште ќе има можност да стапи во светот на дигиталниот маркетинг и новинарството преку Медиумската информативна агенција (МИА) каде ќе реализира пракса под менторство на искусен новинар, ментор.
Таа ќе има шанса да работи на темата за еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија – дивите депонии, кои несовесно од страна на одредени граѓани се формираат во Велес и Езерото Младост и се сериозен предизвик за нашата заедница со што го заслужуваат јавното внимание.
Ангела, ти си пример за младите луѓе кои се ангажираат со важни теми и се вклучуваат во јавниот дијалог. Честитки за оваа прилика и ти посакуваме успех во твојата новинарска кариера и практично стекнување на вештини во областа на зелениот дигитален маркетинг!
Благодарност до сите ученици од нашето училиште кои со свои синопсиси учествуваа на овој новинарски спринт под менторство на проф.
Маја Талеска Панова.#ИнститутЗаКомуникацискиСтудии #УСАИД #ОСУЈовчеТесличков #МИА #ДивиДепонии #Велес #ЕзероМладост #ЗеленДигиталенМаркетер
Во нашето училиште во рамките на реализирање на програмата Слободни часови – Претприемништво и бизнис – Маркетинг Агенција, редовно се содржуваат работилници за Business Model Canvas како алатка за дизајнирање и тестирање на бизнис моделот. Членовите на Маркетинг агенцијата „SKY“ со помош на нивните ментори ги обучуваат деветооделенците од сите основни училишта во градот за овој бизнис модел за кои постои многу голем интерес и како алатка да го имплементираат во понатамошното средно и високо образование. Canvas е корисен учениците да стекнат способност да развиваат бизнис идеја и да ја претстават на концизен и краток начин бидејќи дава препораки што треба да помогнат во развој на бизнис идејата.Тој е составен од девет клучни точки во коишто се содржани неколку битни прашања, на кои претприемачот треба да најде соодветен одговор.
Една од активностите со која ја одбележавме Глобалната недела на парите во нашето училиште, на 29.03.2022 беше тргувањето на Виртуелната Македонска Берза. Нашите ученици тргуваа во реално опкружување со берзанските членки и виртуелни средства трудејќи се да креираат што подобро портфолио на хартии од вредност. Тие постигнаа солидни резултати кои имаа за цел да создадат чувство за распределба на ризик, предвидувања нa берзанските движења и трансакции на електронско тргување преку BEST системот.
Во чест на Меѓународниот „Пи Ден“, во нашето училиште, на 14 Март 2022, учениците од Ученичката Маркетинг Агенција „Скај“ реализираа математичко – логички квиз. Честитки до сите три тима составени по еден учесник од I, II и III година. И едно големо браво за победниците Мартин, Ема и Фатиме!