Продавач-референт за продажни услуги

Дали знаете дека според законската регулатива на земјите од Европската унија, за работа во трговската мрежа и напредување во менаџерските нивоа на малопродажните и големопродажните претпријатија е потребно да завршите трговска струка со профилот продавач?

Главната цел на продавачот во малопродажба е да им помага на корисниците
при купувањето на производи и услуги, што бара добро разбирање на стоките
што се продаваат и различните начини на купување на корисниците и да има
способност за обработка на плаќања, на пример, со користење на каса.
Продавачите во малопродажба мора да се навистина посветени на
обезбедувањето на квалитетни услуги што секогаш имаат за цел да ги
надминат очекувањата на корисниците. Од таа причина, продавачите во
малопродажба уживаат во директен контакт со широк спектар на луѓе и се
мотивираат од тоа што ќе се изврши продажба и од сознанието дека
корисникот е среќен поради купувањето што го направил. Тие можат да
работат во различни продавници и други малопродажни објекти: мали
бутици, големи ланци на продавници во центарот на градот, супермаркети и
популарни стоковни куќи се само дел од примерите.
Поспецијализираните продавници вклучуваат градинарски центри,
деликатесни продавници и луѓе кои работат на продажба од далечина, како
на пример во продавници за продажба преку телефон, интернет и нарачки по
пошта.
Продавачите во малопродажба обично го прават следново:
• Ги поздравуваат корисниците и им нудат помош
• Препорачуваат производи врз основа на желбите и потребите на
корисниците
• Им ја објаснуваат употребата и придобивките од производите на
корисниците
• Одговараат на прашањата на корисниците
• Покажуваат како функционираат производите, доколку е применливо
• Ги собираат износите на сите производи купени од страна на
корисниците и го прифаќаат плаќањето
• Ги информираат корисниците за тековните попусти, промоции и
политики за плаќање и замена.

Занимања во оваа група се:

  • Аквизитер
  • Продавач преку телефон
  •  Помошник во продавница
  • Продавач-консултант
  • Продавач-асистент