Правен техничар

Една од можните професии, доколку се одлучите за овој профил е „Судски референт“.

Со стандардот за занимањето Судски референт се дефинираат
потребните знаења, вештини и компетенции за работа, обработка и
управување со судски документи. Занимањето Судски референт овозможува самостојно извршување на работните задачи поврзани со ракување, прием, прегледување на документите, формирање на конкретни судски предмети и внесување во систем АКМИС; прием и достава на пошта, достава на предмети и судските писмена до судија. Судскиот референт исто така известува судија за пристигнати поднесоци, врши проверка на содржината на примените поднесоци, подготвува и пополнува обрасци, проверува конкретни предмети кои треба да се достават по жалба и ревизија, известува судија за пристигнати предмети со одлуки од повисоки судови, предмети по жалба и вонредни правни лекови. Води грижа за архивирање на завршени предмети, подготвува список и го предава на архиварот; комуницира со вработените, претпоставените и странките.