Маркетинг агенција

МОТО

„Биди и ти успешна приказна“

МИСИЈА

„Обезбедување квалитетен воспитно – образовен процес, преку примена на современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичка технологија и дигитални вештини во наставата, поддршка на самостојноста на ученикот, во процесот на стекнување на знаења, вештини и ставови, за нивна практична примена во реалниот животен контекст, креирање на култура на доживотно учење.“

ВИЗИЈА

„Придонес во развивањето на европските образовни вредности преку обезбедување на сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот“, кое му овозможувастекнување со знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество и новите предизвици на пазарот на трудот.“

Вовед                                                                           

Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ како добитник на грант од Националната Агенција за образовни програми и мобилност од програмата за доживотно учење ,Секторската програма Леонардо Да Винчи за проектот „Импулсен центар за развој на претприемништвото“  реализираше две мобилности во Кралството Холандија и во Република Бугарија.

Програмата Леонардо да Винчи ни овозможи остварување на повеќе цели и тоа:

– унапредување на личниот развој на наставниците преку подобрување на способностите и квалификациите;

–  подобрување на квалитетот и пoддршка на иновациите во стручното образование и обука;

– зголемување атрактивноста на стручното образование и обука и мобилноста на наставниците и учениците.

Преку реализација на овој проект училиштето активно се вклучи во развивање на современите процеси за развој на претприемништвото и на тој начин да го осовременува образовниот процес вложувајќи во едукација на своите наставници и ученици преку реализација на нови иновативни форми на едукација и тоа Центар за развој на претприемништвото и Маркетинг Агенција.

Реализација на мобилностите се одвиваше во Центарот за претприемничко учење Рои Де Панен во Тилбург Р. Холандија и Национално Финансиско Стопанската Гимназија од Софија , Р. Бугарија.

Реализацијата на вакви програми од областа на образованието преку остварување на мобилности ја препорачуваме на своите колеги од стручното образование и упатуваме голема благодарност на Националната Агенција од Македонија за образовни програми и мобилност од програмата за доживотно учење ,посебно до тимот на Секторската програма Леонардо Да Винчи.

Постигнати резултати и цели

За нашето училиште 

  • наставниците и учениците  како бенефит го имаат подобрувањето на имиџот на училиштето
  • засилување на атрактивноста на стручното образование и економскита струка и профили

За учениците

  • обука и употреба на знаењето од маркетинг и промоција
  • -се оспособуваат за примена на теретските знаења во пракса во услови од европски образовни системи
  • им обезбедуваме развој на способности и квалификации кои го подржуваат нивниот развој
  • учење преку делување и размена на искуства
  • претворање на знаење во вештини користење на современа информатичка технологија

За бизнис секторот и локалната општествена заедница  

  • информирање за идните кадри кои што ги нуди нашето училиште.

Модел на практицирање  –  МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА

Нов модел на практична настава во реални услови на опкружување каде до израз доаѓаат нивните резултати кои се мерливи ( профитабилност, заштеда на трошоци и др.) и директно се одразуваат на пазарот чиј сегмент го опфаќа нивниот предмет на  работа.

Работата во Маркетинг агенцијата на учениците ќе им овозможи:

  • Да  ја развиваат способноста за тимска работа и самостојност, ефективност и разумно одлучување како и интеркултурен сензибилитет – клучни компетенции во современиот деловен свет.
  • Да се здобијат со практични искуства од областа на маркетингот и промоцијата  да развиваат вистински економски активности кои може да се однесуваат на спроведување на истражување на пазарот и донесување на решенија ,комуникација со таргет групата, привлекување на нивно внимание и донесување на одлуки за реализација на поставените цели на Маркетинг агенцијата, подобрување на имиџот на една компанија.
  • Да истражуваат можности за развивање и реализирање на нивните  кариери во иднина што долгорочно влијае за развој и конкурентност на економијата во национални и регионални рамки.

НОВ КОНЦЕПТ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ

 Се реализира преку  оснивањето на Маркетинг агенцијата  како  иновативна форма на настава и се инсистира на што е можно поголема врска со праксата, како и претприемничко размислување. Економското дејствување се тренира со симулирање на процесите на една реална фирма.

Создавањето  Маркетинг агенција во нашето училиште произлегува од потребата за ефикасно и ефективно планирање на промоцијата на училиштето, навремено определување на низа  активности со кои  достигнувањата на нашето училиште ќе ги преставуваме и континуирано да воведуваме  некои нови активности и елементи  со кои ќе бидеме интересни , атрактивни  и присутни на локално ниво .

Целна група и корисници

Корисници се нашите ученици на  кои оваа форма на практична настава им овозможува  обука и примена на теретските знаења од маркетинг и промоција во пракса во услови од европски образовни системи а воедно  се стекнуваат со вештини  со што им обезбедуваме развој на способности и квалификации кои го подржуваат нивниот развој учење преку делување и размена на искуства.

Целна група на нашиот проект се осмооделенците од нашата Општина и нивните родители, тие преку нашите маркетинг активности навреме ќе бидат информирани за профилите што ги нуди нашето училиште како можен избор за нивното идно образование.

Реален партнер – Маркетинг Агенција ЕПП Скопје
Работилница во просториите на училиштето
Team building