МОТО
„Биди и ти успешна приказна“
МИСИЈА
„Обезбедување квалитетен воспитно – образовен процес, преку примена на современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичка технологија и дигитални вештини во наставата, поддршка на самостојноста на ученикот, во процесот на стекнување на знаења, вештини и ставови, за нивна практична примена во реалниот животен контекст, креирање на култура на доживотно учење.“
ВИЗИЈА
„Придонес во развивањето на европските образовни вредности преку обезбедување на сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот“, кое му овозможувастекнување со знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество и новите предизвици на пазарот на трудот.“
Вовед
Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ како добитник на грант од Националната Агенција за образовни програми и мобилност од програмата за доживотно учење ,Секторската програма Леонардо Да Винчи за проектот „Импулсен центар за развој на претприемништвото“ реализираше две мобилности во Кралството Холандија и во Република Бугарија.
Програмата Леонардо да Винчи ни овозможи остварување на повеќе цели и тоа:
– унапредување на личниот развој на наставниците преку подобрување на способностите и квалификациите;
– подобрување на квалитетот и пoддршка на иновациите во стручното образование и обука;
– зголемување атрактивноста на стручното образование и обука и мобилноста на наставниците и учениците.
Преку реализација на овој проект училиштето активно се вклучи во развивање на современите процеси за развој на претприемништвото и на тој начин да го осовременува образовниот процес вложувајќи во едукација на своите наставници и ученици преку реализација на нови иновативни форми на едукација и тоа Центар за развој на претприемништвото и Маркетинг Агенција.
Реализација на мобилностите се одвиваше во Центарот за претприемничко учење Рои Де Панен во Тилбург Р. Холандија и Национално Финансиско Стопанската Гимназија од Софија , Р. Бугарија.
Реализацијата на вакви програми од областа на образованието преку остварување на мобилности ја препорачуваме на своите колеги од стручното образование и упатуваме голема благодарност на Националната Агенција од Македонија за образовни програми и мобилност од програмата за доживотно учење ,посебно до тимот на Секторската програма Леонардо Да Винчи.
Постигнати резултати и цели
За нашето училиште
- наставниците и учениците како бенефит го имаат подобрувањето на имиџот на училиштето
- засилување на атрактивноста на стручното образование и економскита струка и профили
За учениците
- обука и употреба на знаењето од маркетинг и промоција
- -се оспособуваат за примена на теретските знаења во пракса во услови од европски образовни системи
- им обезбедуваме развој на способности и квалификации кои го подржуваат нивниот развој
- учење преку делување и размена на искуства
- претворање на знаење во вештини користење на современа информатичка технологија
За бизнис секторот и локалната општествена заедница
- информирање за идните кадри кои што ги нуди нашето училиште.
Модел на практицирање – МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА
Нов модел на практична настава во реални услови на опкружување каде до израз доаѓаат нивните резултати кои се мерливи ( профитабилност, заштеда на трошоци и др.) и директно се одразуваат на пазарот чиј сегмент го опфаќа нивниот предмет на работа.
Работата во Маркетинг агенцијата на учениците ќе им овозможи:
- Да ја развиваат способноста за тимска работа и самостојност, ефективност и разумно одлучување како и интеркултурен сензибилитет – клучни компетенции во современиот деловен свет.
- Да се здобијат со практични искуства од областа на маркетингот и промоцијата да развиваат вистински економски активности кои може да се однесуваат на спроведување на истражување на пазарот и донесување на решенија ,комуникација со таргет групата, привлекување на нивно внимание и донесување на одлуки за реализација на поставените цели на Маркетинг агенцијата, подобрување на имиџот на една компанија.
- Да истражуваат можности за развивање и реализирање на нивните кариери во иднина што долгорочно влијае за развој и конкурентност на економијата во национални и регионални рамки.
НОВ КОНЦЕПТ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ
Се реализира преку оснивањето на Маркетинг агенцијата како иновативна форма на настава и се инсистира на што е можно поголема врска со праксата, како и претприемничко размислување. Економското дејствување се тренира со симулирање на процесите на една реална фирма.
Создавањето Маркетинг агенција во нашето училиште произлегува од потребата за ефикасно и ефективно планирање на промоцијата на училиштето, навремено определување на низа активности со кои достигнувањата на нашето училиште ќе ги преставуваме и континуирано да воведуваме некои нови активности и елементи со кои ќе бидеме интересни , атрактивни и присутни на локално ниво .
Целна група и корисници
Корисници се нашите ученици на кои оваа форма на практична настава им овозможува обука и примена на теретските знаења од маркетинг и промоција во пракса во услови од европски образовни системи а воедно се стекнуваат со вештини со што им обезбедуваме развој на способности и квалификации кои го подржуваат нивниот развој учење преку делување и размена на искуства.
Целна група на нашиот проект се осмооделенците од нашата Општина и нивните родители, тие преку нашите маркетинг активности навреме ќе бидат информирани за профилите што ги нуди нашето училиште како можен избор за нивното идно образование.