Економски техничар

Целта на програмата е обука на учениците во самоуверени, динамични и луѓе со претприемачки дух кои брзо ќе се адаптираат на промените во новите услови на работа и професионална мобилност на пазарот на трудот. Тие можат да планираат и да ја градат својата кариера во следниве области:

  • Сметководител

Сметководителот планира, организира и извршува активности од сметководственото работење што се состојат од изготвување, прием и ликвидација на влезни и излезни документи, евиденција на средства, извори, приходи, расходи и трошоци врз основа на документи во деловни книги, врши калкулативни пресметки, пресметки на плати и јавни давачки, изработка на финансиски извештаи и годишна сметка, изработка на сметководствени планови и доставување на информации до екстерните и интерните корисници на сметководствени информации. Сметководственото работење сметководителот го извршува согласно важечката законска регулатива.

  • Финансиски референт 

Финансискиот референт планира, организира и извршува активности од финансиското работење кое се состои од изработка на финансиски планови,изработка на финансиска документација, следење на финансиски обврски и побарувања, извршување работи од внатрешен и надворешен платен промет,благајничко работење, пресметка на плати и надоместоци, пресметка на даноци, придонеси и други јавни давачки, пресметка на приходи, расходи и финансиски резултат, изработка на калкулации, финансиски прегледи и финансиски извештаи, спроведување на финансиска анализа и контрола и подготовка и проследување на финансиски информации за донесување квалитетни финансиски одлуки во функција на одржување на ликвидноста и финансиската стабилност на деловниот субјект.

  • Маркетинг референт 

Маркетинг референтот ја помага/асистира во работата на маркетинг тимот во дневните маркетиншки активности, ги помага активностите на маркетинг менаџерот, учествува во подготовката/изработката на маркетинг и промотивни материјали, помага во организацијата на маркетинг истражувањето како и во анализа на резултатите од самото истражување, ја спроведува широката рамка на маркетинг комуникацијата, обезбедува поддршка на маркетиншки настани. Учествува во прибирање информации и податоци за изготвување промотивни материјали, статии и промотивни текстови за организацијата. Подготвува и поставува содржини/текстови на веб-страници и портали и социјални мрежи. Континуирано ажурира и одржува база на маркетинг податоци и документација. Учествува во организација на настани и кампањи преку логистика со трети лица и на сите промотивни активности во организацијата.

  • Банкарски службеник 

Со стандардот на занимањето Банкарски службеник се дефинираат

потребните знаења, вештини и компетенции за: планирање, организирање и контролирање на активности во благајничкото работење, платниот промет во земјата и странство, депозити и кредити; применување интерни политики и процедури за благајничко работење, платен промет во земјата и странство,

депозити и кредити; почитување и следење на промените во законската регулатива од областа на банкарското работење;

  • Комерцијалист 

Комерцијалистот самостојно организира и извршува набавка и продажба во домашната земја и во странство со деловна комуникација на македонски и странски јазик. Ажурира и анализира деловни информации за напредно користење на информатичката технологија во согласност со етичките начела за работа и законските прописи. Набавува и продава стоки на трговски и производствени субјекти. Организира складирање и осигурување на стоки. Главна задача е да ја одбере соодветната стока, да ги заинтересира купувачите за стоката што ја нуди во процесот на продажба, да ја реализира продажбата и да ја наплати продадената стока Склучува купопродажни договори и останува во постојан однос со деловните партнери. Ги истражува потребите, забелешките на деловните партнери и движењата на пазарот со цел да ја прилагоди стоката на потребите на потрошувачите.

  • Агент за осигурување

Агент за осигурување е лице кое се занимава со продажба на осигурување (полиси за осигурување). Оваа задача ја остварува преку воспоставување и одржување деловен однос со клиенти (осигуреници), изработува понуди за осигурување, контролира податоци за имотот и осигурениците, одредува квалитет на осигурително покритие, изработува договори за осигурување (полиси) и документи за наплата, врши наплата на осигурителна премија, обновува постојните договори за осигурување, одговара за правилна примена на прописи и внатрешни процедури, услови за осигурување, тарифи на премии и за грижи за целиот продажен и постпродажен сервис кон клиентите. Се грижи за квалитетно претставување на работодавачот во својата секојдневна работа и учествува во промотивни активности во организација на работодавачот.

  • Шпедитер

Шпедитерот своите активности и работни задачи ги извршува во шпедитерска компанија. Tој претставува специјален организатор на опремата и допремата на материјалните добра во свое име а за сметка на коминтетот (клиентот) како и други работи поврзани со транспортот. Шпедитерот ги врши сите работи поврзани со превозот и следењето на пратките, но се јавува и како координатор на сите учесници во превозот. Работите и работните активности на шпедитерот се огледаат преку самостојно и тимско извршување на работните задачи поврзани со: организација на транспорт, складирање и царински формалности, планирање и организирање на работата самостојно и во тим, собирање и обработување на документацијата за прием, царинење и транспортирање на стоката, извршување стручно оперативни работи во шпедицијата, изготвување предкалкулација и советување на клиентите, следење на извршувањето на царинските формалности при увоз, извоз, транзити при сместувањето на стоката под царински надзор во царинското складиште, организирање на транспортот на стоката, комуникација со вработените, клиентите, транспортерите, царинските органи, и останатите инспекциски служби, комуницира на англиски јазик и применува ИСО стандарди во своето работење.

  • Магационер 

Магацинските службеници користат рачни алатки и моторизирани опрема, како што се вилушкари за да ги пренесуваат произведените стоки и материјали до и од складиштето или областите за производство, пристаништа за натоварување, возилата за испорака и сл. Задолженијата за работното место магацински службеник се разликуваат во зависност од работодавачот и позицијата. Општо земено, магацинската работа вклучува прием и обработка на нови пратки на залихи и суровини, како и складирање и дистрибуција на залихи и материјали. Некои магацински работни места бараат подигање и полнење или налози за пакување и испорака.

       •   Менаџер

Менаџерот се подготвува за планирање, организирање, екипирање, водење или насочување, како и контролирање и организирање (група на едно или повеќе лица). Вештината за менаџирање т.е. управување подразбира користење и организирање на човечки ресурси, финансиски ресурси, технолошки ресурси и природни ресурси.