Бизнис администратор

Профилот „Бизнис администратор“ ве подготвува за:

  • Технички администратор 

Со стандардот на занимањето Технички администратор се дефинираат потребните знаења, вештини и компетенции за вршење на основни административни, канцелариски и секретарски работи во органи на управа, јавни и државни установи, единици на локална самоуправа, трговски друштва и здруженија и асоцијации. Занимањето Технички администратор овозможува самостојно и помошно-стручно извршување на работи и задачи во подготовка, средување, умножување, издавање, евидентирање и дистрибуирање на документи, обработување на податоци, врши деловна преписка, формулира кратки соопштенија, асистира во тековни активности.

  • Референт за  административни работи 

Со стандардот на занимањето Референт за административни работи, се дефинирани потребните компетенции (знаења, вештини, ставови/однесување) за планирање, организирање и спроведување на административни работи. Занимањето Референт за административни работи овозможува остварување на административно-технички и помошно-стручни функции, и тоа: прима и средува дневна пошта; чува интерна документација; подготвува, закажува и дистрибуира материјали за состаноци и води записници од состаноци; прима и упатува странки и телефонските повици; испраќа и прима електронски и/или телефакс пораки; води и ажурира протоколарна и контакт листа; учествува во подготовка и организација на службени патувања во земјата и во странство и промотивни настани и свечености.

  • Проектен асистент 

Со стандардот на занимањето Проектен асистент се дефинираат потребните знаења вештини и кмпетенции за асистирање при планирање, подготовка, операционализација, организација и контрола на проекти. Занимањето Проектен асистент овозможува самостојно да ја извршува позицијата, од планирање до финализирање на проектна задача, од аспект на организирање, администрирање, техничка подготовка, со користење на оперативни, комерцијални административни, финансиски, комуникациски, технички, и општествено одговорни знаења и вештини.

  • Асистент за односи со јавност 

Асистентот за односи со јавност ја помага/асистира работата на тимот за односи со јавност во дневните активности, ги помага активностите на менаџерот за односи со јавност, учествува во подготовката/изработката на материјали за односи со јавност, ја координира широката рамка на комуникацијата за односи со јавност, обезбедува поддршка на настаните од областа на односи со јавност. Учествува во прибирање на информации и податоци за промотивни материјали. Ги селектира,

анализира и репортира извештаите од мониторинг агенциите / клипинг агенциите. Пишува статии и промотивни текстови за организации. Подготвува и поставува содржини/текстови на веб страници, портали и социјални мрежи. Ажурира и одржува база на податоци и документација. Работи на развој и реализација на планови. Учествува во организација и извршување на настани и кампањи од областа на односите со јавност.