Новости

571253355_3729611180502389_3011124861140099844_n
previous arrow
next arrow
29/10/2025

Денес, на новите спортски терени во нашето училиште, се одржа настан во рамките на проектот Вело училиште, поддржан од ученици – гости од деветто одделение, и наши ученици од прва и втора година.

🚲

Целта на настанот е да се развива свеста за почесто користење на велосипеди во секојдневните активности, како и креативност и посветеноста кон велосипедизмот. Благодарност до наставниците по ФЗО од ОУ ,,Панко Брашнаров” ОУ ,,Кирил и Методиј” и ОУ ,,Васил Главинов” и деветтодделенците кои се вклучија во настанот. Ментори: Наташа Михова, Орхидеја Х.П Јованова и Златко Гуцев.

571356425_3728442540619253_2389155946050992313_n
previous arrow
next arrow
28/10/2025

По повод патрониот празник на нашето училиште, Кариерниот Центар ja реализираше првата од серијата на кариерни работилници под мотото „Патот кон кариерата“.

Првиот гостин е претставник од успешна осигурителна компанија, кој им овозможи на учениците да го запознаат светот на осигурувањето, професиите во овој сектор и вештините потребни за успешна кариера.

Целта на работилницата е преку реални примери и разговор со професионалци, учениците да добијат насоки за нивниот личен и професионален развој.

569906540_3720118184785022_9197892752296887773_n
previous arrow
next arrow
21/10/2025

Денес учениците станаа млади претприемачи!

По повод патрониот празник, нашето училиште организира работилница „From Trash to Cash“ за 9-то одделение од четирите основни училишта во градот.

Концепт: „Зелена бизнис идеја од отпад“

Денеска учениците создаваа еко-производи од отпад – креативни, економични и подготвени за продажба! Работеа со ограничен буџет, што ја направи конкуренцијата вистинска.

Прогласени беа следните категории:

Најекономичен производ

Најкреативен производ

Најзелена идеја

Најупотрблив производ

Сите учесници беа успешни и се пронајдоа во некоја категорија!

Што научија:

Еко и економско размислување

Буџетирање и пазарна конкуренција

Тимска работа, комуникација и одговорност

Денеска креативноста и еколошката свест на нашите млади претприемачи блескаа!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
07/10/2025

Училиште што се грижи за менталното здравје на средношколците!

Вчера и денес во нашето училиште се одржа дводневна обука за Програмата за Ментално здравје за класни раководители одобрена од БРО. За време на оваа обука класните раководители се стекнаа со нови креативни знаења и вештини за да се справат со менталните предизвици во секојдневието со нивните ученици.

Во наредниот период нашето училиште ќе спрове активности кои ја поттикнуваат свесноста за менталното здравје, ќе создаде безбеден простор за разговор и ќе ја намалат стигмата поврзана со оваа тема.

Целта ни е да се изгради училишна средина каде што средношколците ќе се чувствуваат поддржано, разбрано и охрабрено да разговараат за своите проблеми.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
03/10/2025

Во рамките на Кариерниот центар на нашето училиште вчера (03.10.2025) се одржа успешна врсничка едукација на тема:

„Кариерно портфолио – мојот пат кон иднината“.

Целта на оваа активност беше учениците да се запознаат со значењето и улогата на кариерното портфолио како современ начин на претставување на своите знаења, вештини и постигнувања. Преку практични примери, активности и споделување лични искуства, тие добија можност да научат како правилно да го изработат и презентираат сопственото портфолио.

Во текот на едукацијата, младите сфатија дека кариерното портфолио е повеќе од документ – тоа е нивната лична карта за иднината, која може значително да им помогне при аплицирање во средни и високи образовни институции, како и пред идните работодавачи.

Учениците добија конкретни алатки и насоки за:

организирање и структурирање на портфолиото,

издвојување на најзначајните лични вештини и способности,

претставување на училишни и вонучилишни активности,

градење на професионален имиџ уште од ученичките денови.

Едукацијата беше реализирана од учениците Леонид Велинов и Марија Бошевска, кои успешно ја пренесоа својата енергија, знаење и ентузијазам на врсниците. Со својот пример покажаа дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени и поддршка во заедничкиот развој.

Веруваме дека ваквите активности се силен поттик за сите ученици да размислуваат за својата иднина, да ја планираат со самодоверба и да ги градат вештините што ќе им отворат многу врати во понатамошното образование и кариера.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
02/10/2025

Денес ученичката компанија Playful Pages се претстави на настанот „Инспиративни приказни од млади претприемачи“ организиран од Агенцијата за иновации, технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Меѓу многуте инспиративни говорници, својата приказна ја споделија менторот и една ученичка од тимот.

Менторот Радмила Андовска зборуваше за значењето на процесот на создавање и учење, а ученичката Ива Петровска како претставник на компанијата ја презентираше идејата и нејзиниот производ – сликовницата „Стари детски игри“, нагласувајќи ја неговата едукативна и инклузивна вредност.

Овие моменти се доказ дека младите имаат што да кажат, што да создадат и дека кога ќе им се даде можност – тие ја претвораат во успех.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
29/09/2025

Конституирање на Ученичкиот совет

Денес се одржа конститутивен состанок на Ученичкиот совет на нашето училиште.

На состанокот беа присутни претставниците од сите класови, а беа избрани и:

Претседател-Марија Нојкова

Потпретседател-Марко Варналиев

Целта на Ученичкиот совет е да го претставува ученичкиот глас, да предлага идеи за подобрување на ученичкиот живот и да организира активности кои ќе ја збогатат училиштната заедница.

Им честитаме на ново избраното раководство и им посакуваме успешна и продуктивна година полна со креативни иницијативи!

Ве охрабруваме сите активно да се вклучите – вашите идеи се важни и можат да направат разлика!

Одговорни професори :

Милка Петровски

Билјана Коџабашиева

Македонка Миланова

210520251jpg
previous arrow
next arrow
26/09/2025

Денес учениците од 4а клас со својот класен раководител Жаклина Зафирчева, ја посетија изложбата ,,Живеј со стил – поддржи различности”, во ликовниот салон во Велес. Дел од изложбата беше нивниот соученик Данчо Лазов.

Данче, ти секојдневно нè учиш дека силата не се мери со телото, туку со срцето и духот. Со својата храброст и упорност ти си наша инспирација, а твојата волја нè потсетува дека сите можеме повеќе и подобро. Горди сме што си дел од нашиот клас и што заедно чекориме низ средношколскиот пат. Силно веруваме дека твојата порака ќе биде слушната и остварена!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
23/09/2025

Денес, наши ученици со проф. Наташа Михова, ја посетија ликовната изложба на архитект Петар Намичев, во Спомен куќата на Касапови. Настанот го организираше ЛУ Народен музеј Велес, а во рамките на Европските денови на културно наследство.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
19/09/2025

На 11,12 и 19 септември, во просториите на Европска Куќа, Велес се одржа обука од Програмата за градење капацитети на кариерни советници. Кариерниот советник од нашето училиште Македонка Миланова и тимот за Кариерно советување составен од педагогот Билјана Коџабашиева и наставниците Соња Савевска и Марија Левкова Куновска, ја следеше обуката и се стекна со вештини за поддршка на учениците при изборот на кариерата.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
02/09/2025

Дел од вчерашната атмосфера на свеченоста, по повод јубилејот 65 години постоење на ОСУ ,,Јовче Тесличков” Велес.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
18/08/2025

Колективот на ОСУ ,,Јовче Тесликчов”, денес официјално го испрати во пензија колегата Методија Бузалковски. Колега кој остави длабока трага во нашето училиште, во образованието и во животите на многу генерации ученици. Тој не беше само наставник – беше водич, поддршка и инспирација и за учениците, и за колегите со кои соработуваше.

Со својот труд, трпение и љубов кон професијата, покажа дека наставничкиот повик е повеќе од работа – тоа е вистинска мисија.

Голема благодарност за сите години посветеност, за мудрите совети и за примерот што го остави зад себе.

Нека пензионерските денови бидат исполнети со здравје, радост и мир, во кругот на најблиските.

Среќно во новото поглавје од животот!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
05/07/2025

Тимот на “Playful Pages” се врати од европскиот натпревар GEN_E 2025 што се одржа во Атина, Грција – носејќи многу искуства, инспирација и гордост!

Нашата сликовница „Стари детски игри“ ја раскажа својата приказна пред публика од 40 земји, и доби внимание и пофалби за својата инклузивност, културна вредност и креативен пристап. Европа слушна за нашата мисија – да го вратиме детството преку игра, традиција и поврзаност.

Како претставници на нашата држава, со гордост ја претставивме земјата, нашето училиште и сите млади луѓе кои веруваат дека преку образование, претприемништво и тимска работа може да се создаде вистинска промена.

Нашата приказна почна со идеја да ги вратиме децата на игралиштата, далеку од екрани и телефони. Тоа се претвори во целосен производ со аудио и видео поддршка, инклузивен дизајн и дигитална продажба – создаден со многу љубов, посветеност и упорност.

Благодарни сме на сите што беа дел од ова патување а највеќе на Junior Achievement Macedonia за можноста да бидеме дел од најголемиот европски претприемнички настан за средношколци.

Ова не е крајот …Playful Pages продолжува да твори, да се развива и да шири детска радост. Нови идеи се веќе во подготовка… Сѐ уште има многу игри што треба да се раскажат.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
30/06/2025

Пред заминување во Атина на европскиот натпревар за најдобра ученичка компанија – GEN-E 2025, што ќе се одржи од 1 до 4 јули во Атина, Грција, тимот на на нашата ученичка компанија Playful Pages ја посети Општина Велес. Тие му подарија примерок од сликовницата „Стари детски игри“ на градоначалникот г-дин. Марко Колев.

За нашата ученичка компанија е голема чест што Општината ја препозна вредноста на нашата работа и не поддржа во нашето патување како млади претприемачи.

Му благодариме на градоначалникот и на општина Велес што се дел од нашата приказна, а на учениците од ученичката компанија им посакуваме успех на натпреварот во Атина! Со среќа!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
30/06/2025

Пред заминување во Атина на европскиот натпревар за најдобра ученичка компанија – GEN-E 2025, што ќе се одржи од 1 до 4 јули во Атина, Грција, тимот на на нашата ученичка компанија Playful Pages ја посети Општина Велес. Тие му подарија примерок од сликовницата „Стари детски игри“ на градоначалникот г-дин. Марко Колев.

За нашата ученичка компанија е голема чест што Општината ја препозна вредноста на нашата работа и не поддржа во нашето патување како млади претприемачи.

Му благодариме на градоначалникот и на општина Велес што се дел од нашата приказна, а на учениците од ученичката компанија им посакуваме успех на натпреварот во Атина! Со среќа!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
23/06/2025

👉Прогласени се најдобрите ученици во ОСУ ,,Јовче Тесличков” за учебната 2024/2025 година и тоа:

прва година: Меланија Андова I-а клас

втора година: Леонид Велинов II-а клас

трета година: Марија Бошевска

III-а клас

четврта година: Сара Велјановска IV-а клас.

За ученик на училиштето е прогласена ученичката Марија Ивановска од III-а клас.

Честитки за сите вас кои со своите резултати, залагања, посветеност и успеси во повеќе наставни и воннаставни активности придонесовте за подигање на реномето на училиштето! Продолжете со вашите успеси и бидете пример за сите ученици! Горди сме на вас!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
09/06/2025

Доделувајќи им благодарници,

училиштето им изрази искрена благодарност на учениците кои со својот труд, ангажман и постигнати резултати достојно го претставија нашето училиште во учебната 2024/25 година. Вашите освоени награди и активно учество на натпревари, маркетинг кампањи, работилници, се гордост за сите нас и мотив за идните генерации.

Продолжете со истиот елан и посветеност – вашите успеси се наш заеднички успех!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
04/06/2025

На ден 02.06.2025 година, во рамките на проектот за развој и унапредување на мултикултурализам, меѓуетничка интеграција и толеранција, наши ученици од прва и втора година, под менторство на професорите Марија Левкова Куновска, Суат Усејнов, Нехат Зенели, Милка Петровски, Радмила Андовска и училишниот педагог Билјана Коџабашиева, реализираа работилница во кабинет 17 во просториите на училиштето ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес.

Работилницата беше со тема „Почит и толеранција кон различности и методи за ненасилна комуникација“. По спроведувањето на активностите, професорите Марија Левкова Куновска и Суат Усејнов се заблагодарија во името на целиот тим на претставниците од МОН кои беа присутни како гости на работилницата, а тоа беа Нуран Кадриу Џамбази и Лиридона, благодарност за соработката со МОН и за поддршката која ја доби ОСУ „Јовче Тесличков“ од МОН, како и искажаа желба за соработка во иднина. За крај, на присутните се обрати и директорот на училиштето Васко Трајковски.

На крајот беа поделени благодарници на сите ученици кои учествуваа во проектот, како и папки со тетратки и пенкала во знак на внимание и поттик и понатаму да работат активно во вакви слични проекти.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
04/06/2025

Уште една од активностите на нашите ученици. На 19.05.2025 год. искачување на Вршник на наши ученици од 3б клас и професорот по Спорт Златко Гуцев, на покана на ОУ ,,Кирил и Методиј” Велес по повод патрониот празник на нивното училиште.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
01/06/2025

„Иднината сум и јас!“

На Отворениот ден во ОСУ „Јовче Тесличков“, деветтоодделенците имаа можност да ја замислат својата иднина и да се фотографираат со постери на кои ја напишаа својата идна професија.

Ви претставуваме моменти исполнети со насмевки, амбиција и визија!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
30/05/2025

Денес се реализира наставно-научна екскурзија, за нашите ученици од прва година.

Учениците и нивните класни раководители, предводени од Туристичката агенција „Тео Турс“ ја започнаа екскурзијата со посета на Вруток, каде се наоѓаат изворите на реката Вардар. Потоа следуваше разглед на Тетово и „Шарена Џамија“ каде учениците имаа можност да го посетат вистинскиот бисер на исламската уметност и архитектура. Патувањето продолжи кон манастирот „Свети Атанасиј” во Лешок каде учениците уживаа во мирот, тишината и прекрасната иконостасна уметност и секако прекрасната природа. Сите понесоа прекрасни впечатоци и ги проширија своите видици.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
29/05/2025

Младите говорат!

На ден 27.05.2025 г. во просториите на EuropeHouseVeles, претставниците на Локалниот младински совет во кој како член е и нашиот ученик Марко Варналиев, а заедно со група на млади од Велес, имаа исклучителна можност да остварат средба со Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја – Н.Е Михалис Рокас.

Тие разговараа за своите визии, предизвиците со кои се соочуваат во локалната заедница, но и даваа свои идеи за иднината на Велес и регионот, како и за тоа што претставуваат европските вредности за нив.

Оваа средба претставува импулс дека гласот на младите е важен и дека со вистинска поддршка и партнерства, промените се возможни.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
28/05/2025

Денес во нашето училиште се одржа Отворен ден, каде пред деветтоодделенците беа претставени можноститете што ги нудиме за средно стручно образование. На штандовите и во кабинетите, деветтоодделениците имаа можност лично да видат кои образовни профили тука се изучуваат.

Во едукативниот и промотивниот дел беа претставени просторните услови, кабинетите и образовните насоки кои се изучуваат во училиштето. Со свои штандови се претставија деловните партнери со кои имаме склучено меморандуми за соработка, и каде нашите ученици успешно ја реализираат практичната настава. Деветтодделенците учествуваа и во забавни игри, од областа на економијата, каде што се запознаа со позначајнит економски поими.

Благодарност до учениците од завршните одделенија, од сите основни училишта во општина Велес, но и од Градско и Чашка. Се надеваме дека успеавме да им дадеме насоки каде да го продолжат своето образование донесувајќи вистинска одлука.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
23/05/2025

Нека е честит Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај, празник што го слави делото на сесловенските просветители, творци на глаголицата и основоположници на словенската писменост и култура.

Нивното дело и нивната мисија е симбол на духовноста, образованието и културниот напредок кај словенските народи.

Како што рекол свети Кирил:

„Зар не грее сонцето подеднакво за сите?“ — зборови што нè потсетуваат дека знаењето и светлината се за секого.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
23/05/2025

Денес, во големата сала на Општина Велес, свечено беше одбележан Денот на сесловенските просветители, браќата Св.Кирил и Методиј.

Градоначалникот Марко Колев ги додели наградите на најуспешните за 2025 година.

Свеченоста започна со наградување на најдобрите средношколци кои земаа учество на ораторскиот натревар одржан под слоган „ЗБОР СО КОРЕН, ГЛАС СО СИЛА! Од длабочина, до височина – ние сме гласот на она што тие го напишаа!“

Признание за второ место доби Мерве Исмаилова, ученичка во I година која се подготвуваше под менторство на професорката Милка Петровски!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
23/05/2025

Презентација на нашето училиште ОСУ,,Јовче Тесличков “Велес.

Во поливалентниот простор во ООУ ,,Бкаже Конески”

се одржа традиционален Саем на образование на кој се претставија средните училишта од нашиот град. Нашето училиште им ги претстави струките и профилите кои оваа година им ги нуди на деветтодделенците!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
23/05/2025

Денес, училишниот психолог Иле Махлијанов, одржа работилница со учениците на тема ,,Здрави и нездрави љубовни врски”

Во емотивна и осознајна атмосфера, заедно со учениците истражуваваа што значи да се биде во здрава љубовна врска. Почнаа со вежба за цртање на срце – секој со своја боја и емоција. Од таму продолжи анализа на базични уверувања, одбранбени механизми и однесувања во релациите.

Преку дискусија, прашања и примери, учениците ги разликуваа здравите од нездравите љубовни модели, зборуваа за граници, автономија и психолошка зрелост. Им беа претставени и идеите на Фројд, Јунг и Кафка, завршувајќи со темата за патолошки симптоми и реакцијата на мозокот во нездрави врски.

Учениците ја опишаа работилницата како корисна, длабока и трансформирачка.

Благодарност до сите присутни – ви посакуваме здрави граници и здрави љубовни врски!

210520251jpg
previous arrow
next arrow
22/05/2025

Денес нашите ученици ја продолжија повеќедневната екскурзијата во Италија со посета на еден од најубавите градови- Венеција.

210520251jpg
previous arrow
next arrow
21/05/2025

Денес, во чест на Сесловенските просветители Кирил и Методиј, традиционално по трет пат се одржа Ораторски натпревар во организација на Општина Велес.

Темата на ораторските говори беше: ,,Збор со корен, глас со сила”.

Учесници од нашето училиште беа учениците: Мерве Исмаилова од прва година, Марко Варналиев од втора година и Суаде Јусуфи од трета година. Ученичката Мерве Исмаилова ја освои втората награда. Ментор; проф. Милка Петровски.

21052025jpg
previous arrow
next arrow
21/05/2025

Ден исполнет со убавини!🚌

Нашите ученици денес уживаа во Фиренца!❤️

Градот на ренесансната уметност, архитектура и незаборавни глетки.

200520251jpg
previous arrow
next arrow
20/05/2025

Ден исполнет со убавини!🚌

Учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес денес прошетаа низ историската Верона и уживаа покрај езерото Гарда и Сирмионе. Италија во најубаво светло

14052025-4jpg
previous arrow
next arrow
14/05/2025

Денес, учениците од нашето училиште имаа можност да ја посетат Општината и да се запознаат одблизу со работата на локалната самоуправа.

Средбата со градоначалникот беше вистинска инспирација – младите имаа можност да слушнат за неговите надлежности, визијата за развој на општината, како и важноста од учество на младите во носењето одлуки.

Посетата беше дел од наставната програма по предметот Право и државно уредување.

Веруваме дека преку вакви искуства ги охрабруваме учениците да бидат одговорни, информирани и вклучени граѓани.

14.05.2025.1jpg
previous arrow
next arrow
14/05/2025

🚀 Преку дигитални алатки до големи идеи!

💻 Врсничко учење на дело!

Кога учениците се ментори – се учи побрзо, полесно и покреативно!

Дигиталните маркетари од ОСУ „Јовче Тесличков“ се ставија во улога на ментори и соработници на деветтоодделенците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Заедно работеа на дигитализација на нивните бизнис идеи – со практична примена на знаењата од дигиталниот маркетинг. 💡💻

✨ Во атмосфера полна со креативност и натпреварувачки дух, учениците учеа едни од други преку врсничко учење.

Се развиваше тимска работа, се разменуваа идеи, а младите претприемачи добија поддршка од идните експерти за дигитален маркетинг од нашето училиште! 🙌🔥

📣 За крај, нивните дигитални проекти беа оценети, коментирани и анализирани преку конструктивни коментари со цел стекнување нови знаења!

ДигиталнаИднина

10/05/2025

На државниот натпревар по англиски јазик нашите ученички постигнаа голем успех. Ученичката Марија Ивановска освои втора награда, а Марија Ќириќ трета награда. Честитки за двете и за нивниот ментор проф. Рената Софијанова Николова

494111675_3523316167798559_41977960241327798_n
previous arrow
next arrow

09/05/2025

На 7.05.2025 г., во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се одржа големото финале на „Electionville“ – едукативна и интерактивна игра која го симулира процесот на локално владеење и донесување одлуки.

Настанот беше организиран во соработка меѓу Амбасадата на Шведска, Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп хаус и Собранието на Република Северна Македонија и претставуваше завршен сегмент на едномесечната програма за граѓанско образование и младински активизам.

495445106_3522670777863098_3780973887140112478_n
previous arrow
next arrow

08/05/2025

Денес, наши ученици присуствуваа на отворањето на Саем на книгата 2025 во арената,,Борис Трајковски” во Скопје. Го разгледаа големиот избор на книги на штандовите на издавачките куќи и се почестија со книга по свој вкус, зашто ,,книгата е храна за душата”. Одговорен професор Жаклина И. Зафирчева.

496767912_708438994863453_7589269600165428816_n
previous arrow
next arrow

08/05/2025

ГИ ИМАМЕ ПОБЕДНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР!

🏆Победник е ”Playful Pages “ од средното училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес, кои со својата идеја сакаат да ги оживеат заборавените традиционални детски игри и да ги приближат кон денешните генерации на иновативен, инклузивен и едукативен начин.

Победниците ќе се натпреваруваат на #GEN_E 2025 Европскиот натпревар на најдобри ученички компании кој годинава ќе се оддржи во Атина, Грција со повеќе од 800 директни учесници.

Натпреварот е помогнат од Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, M6 Educational Centre, Anhoch, Brainster Next факултет, Ars Lamina, Кожувчанка, Prolom voda и Vitalia Healthy Food.

Им честитаме на победниците!!

DSC06239
previous arrow
next arrow

06/05/2025

Со срце полно гордост и радост, денес ја прославивме промоцијата на сликовницата „Стари детски игри“ – креативно дело на ученичката компанија Playful Pages од ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес.

Автори на оваа уникатна сликовница се учениците: Ива Петровска, Ангела Анастасова, Симона Крстевска, Искра Ризовска, Максим Чукниев и Данче Лазов, под менторство на проф. Радмила Андовска и со поддршка од проф. Каролина Манаскова.

Создадени се две верзии:

стандардна – за деца со типичен развој

инклузивна – со фонт за дислексија, симболи, аудио и видео содржини – за деца со потешкотии во читање.

Училиштето додели благодарници, во знак на почит и благодарност за прекрасната соработка и поддршката што ја дадоа дечињата и нивните наставнички Лорета Стојановска и Мимоза Јованова од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес. Дечињата од 4а и 4б одделение се оние кои ја збогатија сликовницата со својата љубопитност, искреност и љубов кон играта.

Тие беа малите ѕвезди што блеснаа на настанот кој започна со „Ода на радоста“, а заврши со детски песнички и големи емоции.Голема благодарност и до рецензентката проф. Жаклина Зафирчева, како и до директорката на библиотеката „Гоце Делчев“, г-ѓа Снежана Бошевска, за поддршката и довербата.

Ова не е само книга.

Ова е мост меѓу генерации.

Ова е љубов кон детството, традицијата, инклузијата… и кон играта.

#СтариДетскиИгри#PlayfulPages#ЈовчеТесличков#ИнклузивноОбразование#Традиција#КултурноНаследство

#ЏуниорАчивментМакедонија

495318050_3519732861490223_7197332086637098150_n
previous arrow
next arrow

05/05/2025

Вчера и денес се реализираше дводневна наставно – научна екскурзија за нашите ученици од втора година. Беа посетени Вевчани и Вевчанските извори, Охрид, Битола со Широк сокак!

492713255_3508960912567418_7157885656246313379_n1
previous arrow
next arrow

26/04/2025

Моќта на економското образование!

Образованието по економија и финансии остава длабоки и доживотни траги врз нашето секојдневие – тоа е препознаено и преку учеството на нашите ученици на „Економска Олимпијада 2025“!

Овој престижен натпревар, идеја на Институтот за економско образование (INEV) од Чешка, има за цел да ги инспирира младите да размислуваат економски и критички. Денес се одржува во 13 земји, а нашата земја е една од нив, благодарение на соработката меѓу Институтот за либерална алтернатива и EFI.

Нашите претставнички – Ангела Анастасова, Искра Ризовска, Ана Тодорова и Емили Петрова – ученици од трета и четврта година, вчера го претставија училиштето на Регионалниот круг од натпреварот, кој се одржа на Економскиот факултет при УГД – Штип.

492545544_3508166449313531_2544723140253245850_n
previous arrow
next arrow

25/04/2025

Дури шест освоени медали на натпреварите МАССУМ 2025 во Кавадарци, за ОСУ ,,Јовче Тесличков” Велес.

Второ место во категорија Најдобра веб страна за учениците Леонид Велинов и Филип Спиров, ментор проф. Антонио Пановски, второ место за Најдобар штанд под менторство на проф. Македонка Миланова и педагог Билјана Коџабашиева, трето место во категорија Јавен говор за Мерве Исмаилова, ментори проф. Жаклина И. Зафирчева и Маја Талеска Панова, второ место за Суада Јусуфи во категорија Јавен говор на албански јазик, ментор проф. Милка Петровски, трето место за Најдобро кариерно портфолио за Марија Бошевска, ментори проф. Нада Јованова и педагог Билјана Коџабашиева! Честитки за сите наградени, благодарност за сите учесници!

491050578_3504044343059075_3245021257193053015_n
previous arrow
next arrow

22/04/2025

Во рамки на проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина” во просториите на Европска Куќа во Велес се одржа форум тетар на тема ,,Стоп за врсничкото насилство”.

Форум тетарот беше фасилитиран од страна на Љупка Ристовски и Владо Караев кои се истакнати стручни лица во реализацијата на активности од овој тип.

Оваа активност е само една од низата активности кои се предвидени да се релизираат во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.

Овој памфлет / видео материјал / активност / публикација е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.

16/04/2025

Денес ни беа во посета учениците од 4 одделение од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес!

Нашето училиште им ги отвори вратите за еден весел, разигран и едукативен ден!

Тимот на Ученичката компанија “Playful Pages” беше домаќин со голема насмевка – затоа што инспирацијата почнува од најмали нозе!

Заедно се дружевме, игравме, учевме, а тие имаа можност да видат како изгледаат документите за ученичка компанија, да ги пополнат и да се запознаат со нашата идеја.

Особено сме горди што токму овие ученици се дел од нашата приказна – заедно снимивме видео материјали, а дел од сликовницата „Стари детски игри“ ја реализиравме токму со нивна помош и идеи.

Продолжуваме да соработуваме, затоа што веруваме дека креативноста се гради преку заеднички моменти.

491879783_3497956460334530_1140433646136898217_n
previous arrow
next arrow

16/04/2025

Денес нашите ученици од средното економско училиште имаа чест да бидат дел од еден посебен час по Иновации во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, каде што пред деветоодделенците ја претставија нашата струка економија, право и трговија.

Преку креативна презентација, интерактивни игри и отворен разговор, учениците им го доловија духот на учењето и животот во нашето училиште.

Интересот кај деветоодделенците беше голем, а нивниот најчест коментар – „Дојдете повторно, сакаме да дознаеме уште повеќе!“ – ни покажа колку ваквите средби се значајни.

Благодарност до нашите ученици Марија Н., Теа, Леонид, Лука, Марија П., Викторија и Филип што ја пренесоа енергијата и знаењето со толку ентузијазам!

#ПромоцијаНаПрофили #ЕкономскоУчилиште #Иновации #СоработкаСоОсновниУчилишта

489866109_3491645730965603_3834779064549048640_n
previous arrow
next arrow

10/04/2025

На 10 април 2025 година, во хотел „Гарденија“ – Велес, се одржа Регионалниот натпревар за најдобра ученичка компанија (Џуниор Ачивмент Македонија). Во рамки на Програмата за ученички компании, учениците учат како да ја претворат бизнис-идејата од концепт во реалност.

Во текот на учебната 2024/2025 година, во нашето училиште беа регистрирани и работеа три ученички компании, кои создадоа свои реални производи:

• ДОО „Eco Connect“ – веб-платформа и апликација за подигање на еколошката свест,

• ДОО „Playful Pages“ – компанија која креира сликовници, детски игри и едукативни материјали,

• ДОО „Crafty-JT“ – компанија која креира игра за учење на англиски јазик.

Секоја ученичка компанија на регионалниот натпревар се претстави со своја презентација пред жири-комисијата и публиката, како и со својот реален производ.

Ученичката компанија „Playful Pages“ се пласираше на Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија со сликовницата „Стари детски игри“.

Честитки за компанија која обезбеди пласман и голем успех во следниот предизвик!

FB_IMG_1744609755607
previous arrow
next arrow

09/04/2025

На ден 09.04.2025 година, во рамките на проектот за унапредување на мултикултурализам и меѓуетничка интеграција нашите ученици од прва и втора година, под менторство на професорите Марија Левкова Куновска, Суат Усејнов, Милка Петровски, Радмила Андовска и педагогот Билјана Коџабашиева реализираа успешна посета на повеќе објекти во град Скопје.

Прво беше посетен Природо-научен музеј на Македонија под стручно водство на Лилјана Стефановска, дипломиран биолог-едукатор, понатаму беше посетен Соборниот храм во град Скопје, Археолошкиот музеј во центарот на градот и познатата џамија Мустафа- пашина џамија во близина на скопското Кале.

Учениците се дружеа и се едуцираа на забавен начин, сите заедно поминавме еден прекрасен ден и успешно ги реализиравме сите предвидени активности. Благодарност до Министерството за образование и наука кои ни овозможија да го реализираме овој проект и се надеваме на успешна соработка и во иднина.

487376025_3474666012663575_5730670597022396434_n
previous arrow
next arrow

28/03/2025

Нашите ученици од ОСУ „Јовче Тесличков“ беа дел од практична работилница во @creativehubmacedonia на тема Meta Ads!

Се учеше преку работа: таргетирање, креирање кампањи, визуелизација, буџетирање и анализа на резултати.

Мотивирани, креативни и фокусирани – вистински дигитални маркетери!

Завршивме со сертификати, насмевки и нови вештини.

#DigitalMarketing#MetaAds#CreativeHub#JovcheTeslichkov#MarketingSkills#ПрактичноУчење#МладиЛидери#Inspo

13/03/2025

Денес, традиционално, во чест на Меѓународниот „Пи Ден“ – 14 март, учениците од Училишната Маркетинг Агенција Ана Тодорова и Емили Петрова реализираа математичко – логички квиз. Освен одмерување на своите математички знаења и решавањето на логички проблеми, квизот имаше и едукативна цел, но најважно од се беше развивањето на тимска работа и дружењето меѓу учениците. И секако сите присутни имаа можност да видат дека математиката освен корисна може да биде и интересна и забавна. Комисијата составена од ученичките: Симона Ѓорѓиева, Ивана Василева и Сара Вељановска се грижеше за почитување на правилата на квизот и ги прогласија победниците. Честитки до сите четири тима составени од ученици од Iа и Iб клас, и едно големо браво за победничкиот тим Јована Димковска и Александра Станојковиќ!

СРЕЌЕН ПИ ДЕН!

481975414_3451062518357258_139141926068258532_n
previous arrow
next arrow

07/03/2025

Денес го прославуваме

8 Март – Меѓународниот ден на жената на малку поинаков начин.

Под мотото ,,Поттикни акција”, денес се одржа осмомартовски марш на кој учествуваа ученици од сите средни училишта од Општина Велес.

Овој марш е само потсетник за тоа како жените го менуваат светот на многу начини, од кршење на бариерите во полиња во кои традиционално доминираат мажи, до застапување за родова еднаквост и социјална правда.

481192219_3446841625446014_8105167477228230157_n
previous arrow
next arrow

03/03/2025

Денес, 03 март 2025 година, втора група ученици од прва година од ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес го посетија Државниот архив на РС Македонија, одделение Велес.

Тие се запознаа со процесот на чување, заштита и користење на архивскиот материјал како значајно културно наследство.

Упатуваме голема благодарност до вработените во оваа институција кои на високо професионален начин ја доближија нивната работа до учениците и ја објаснија важноста на зачувувањето на културното наследство и документите од трајна вредност.

481919079_3443465245783652_9172552081013796662_n
previous arrow
next arrow

28/02/2025

Денес нашите ученици организираа обука на тема ,,Учиме, учествуваме, влијаеме”. Оваа обука е завршен настан на проектот ,,Кога учениците одлучуваат” организиран и релизиран од организацијата LEAD.

Учениците одлично се снајдоа во улога на обучувачи и преку претходно испланирани активности го пренесоа знаењето на присутните средношколци.

481060058_3439368662859977_4566379998372256203_n
previous arrow
next arrow

24/02/2025

На ден 24.02.2025 учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес го посетија Државниот архив на РС Македонија, одделение Велес, кадешто се запознаа со процесот на чување, заштита и користење на архивскиот материјал како значајно културно наследство.

20/02/2025

Денес, во рамки на проектот,,Промоција на безбедна училишна средина” се одржа работилница под наслов ,,Дизајнерско размислување за решавање предизвици во училиштето” на која учествуваше Училишниот тим составен од учениците: Марко Варналиев, Александра Станојковиќ, Давид Димитриев, Елена Петрова, Јована Димковска, училишниот педагог Билјана Коџабашиева и професорите Радмила Андовска и Милка Петровски.

480328008_3431754380288072_8686000491841205136_n
previous arrow
next arrow

17/02/2025

Денес, во нашето училиште гости беа претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, професионални војници и офецери на АРМ.

Тие одржаа предавање на тема ,,Популаризација на Армијата” на кое ги информираа учениците за професијата војник, за условите за прием во службата, нивните обврски и придобивки. Предавањето се реализираше со ученици од завршните години.

479511056_3428659317264245_1007484692085961816_n
previous arrow
next arrow

14/02/2025

НИЕ МИСЛИМЕ И ЗА ВАШАТА ИДНИНА !!!

Кариерното советување е од особена важност за средношколците. Токму затоа, со одобрение на МОН и БРО денес во нашето училиште се реализираше работилница за кариерно советување.

За време на работилницата средношколците се запознаа со тоа што е кариера, како се планира, колку долго трае, што се кариерни цели и што треба да се направи за тие да се исполнат. Оваа програма се спроведува со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

DSC08330 (1)
previous arrow
next arrow

20/01/2025

Расположението на Св. Валентин со квиз и игра супер забавен ден.

474613716_3407283542735156_4049890147440575762_n
previous arrow
next arrow

20/01/2025

За среќен почеток на второто полугодие и среќни новогодишни празници, Ученичката заедница на ОСУ ,,Јовче Тесличков“ организираше ученичка забава во холот на училиштето!

27/12/2024

Во пресрет на новогодишните празници, денес во просториите на нашето училиште се одржа предавање на тема ,,Штетност и последици од употреба на пиротехнички материјали”.

Учениците беа запознати со сите опасни последици и можни повреди при употреба на пиротехнички материјали. Предавачи беа преставници од Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија-Скопје и МВР-Велес.

2
previous arrow
next arrow

27/12/2024

На вчерашната Новогодишна свеченост, Општина Велес им ги додели стипендиите на најталентираните ученици и студенти за учебната 2024/2025 година, меѓу кои се најдоа и нашите ученички Марија Ќириќ од 3а клас и Ана Тодорова од 4а клас.

И годинава донатори на стипендии се Агриа, агроиндустриска групација Велес, Жито Маркети Велес и Општина Велес.

Им честитаме и им посакуваме уште многу други успеси во иднина.

1
previous arrow
next arrow

26/12/2024

Во период од 23-26.12. 2024 г. во нашето училиште се одржаа две симулации како активности предвидени со проектот ,,Кога учениците одлучуваат”.

Овој проект го имплементира здружението ЛЕАД со финансиска поддршка од Совет на Европа преку Европска младинска фондација.

3
previous arrow
next arrow

24/12/2024

Традиционално предновогодишно дружење на нашите ученици со дечињата од ОУРЦ “Маца Овчарова”.

И оваа година, како и секогаш не пречекаа со најсрдечни насмевки и најискрена радост

1
previous arrow
next arrow

24/12/2024

Денес, нашите ученици беа во посета на Собранието на РМ каде се запознаа со историјатот, надлежностите и просториите во кои работат народните избраници.

Одговорни професори : Суат Усејнов Милка Петровски

470675018_3381270148669829_5408173075279791301_n
previous arrow
next arrow

20/12/2024

Во соработка со ОО на Црвен крст-Велес, а поддржана од училишната заедница на ОСУ ,,Јовче Тесличков “, денес беше реализирана работилница, на која учениците изработија Елка на Хуманоста, која беше украсена со лампиони изработени од страна на волонтерите на Црвен крст.🌲 На нив учениците ги напишаа своите новогодишни желби и честитки.

Денес учениците ја покажаа хуманоста на дело, со тоа што подготвија новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства.

17/12/2024

Успешна соработка во интерес на нашите ученици од профилот дигитален маркетинг! Creative Hub Macedonia

470210545_3379051568891687_4677997325689996446_n
previous arrow
next arrow

17/12/2024

Кога Creative Hub Macedonia те едуцира и инспирира, креативноста нема граници!

Денес, во соработка со Creative Hub Macedonia, нашите ученици реализираa новогодишна работилница и натпревар за email маркетинг!

Четири фантастични тимови, четири уникатни идеи и бескрајна креативност! Учениците не само што покажаа дека се идните дигитални лидери, туку и докажаа како вештините, тимската работа и иновативноста создаваат вистинска новогодишна магија.

Победничкиот тим ги освои срцата на сите со својата оригиналност и ефективна презентација! Сите учесници беа неверојатни, а нивниот труд и ентузијазам се инспирација за сите нас.

Голема благодарност до Creative Hub Macedonia за поддршката и можноста нашите ученици да учат и напредуваат во светот на дигиталниот маркетинг.

470209057_3374710649325779_7002119249630038302_n
previous arrow
next arrow

12/12/2024

Во периодот од 10 -12 декември, 7 ученици од нашето училиште под менторство на професорката Милка Петровски, учествуваа на подготвителен тренинг каде учесниците ќе ги зајакнат своите капацитети и ќе подготват симулација на процес на носење на одлуки во училиштата.

Овој подготвителен тренинг е една од активностите на проектот ,, Кога учениците одлучуваат” во кој e избрано нашето училиште и училишта од Струмица, Битола и Кочани.

Овој проект го имплементира здружението ЛЕАД со финансиска поддршка од Совет на Европа преку Европска младинска фондација.

469141574_3367392356724275_3236422386171683606_n
previous arrow
next arrow

03/12/2024

Вчера, наши ученици присуствуваа во #EuropeHouseVeles, каде во организација на UN Women Skopje заедно со партнери, во рамките на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство, се одржа панел-дискусија и изложба на Мартина Спасовска.

468524119_577337198016907_2432750251483726958_n (1)
previous arrow
next arrow

27/11/2024

ОСУ “Јовче Тесличков” добива нов лик!

Градежните активности во ОСУ “Јовче Тесличков” се во тек. Обезбедени се средства за реконструкција на фасадата на ова училиште, со што значително ќе се подобрат условите за учење и ќе се постигне поголема енергетска ефикасност.

Поубав Велес станува реалност!

467676559_3357484534381724_5066941047681178999_n
previous arrow
next arrow

21/11/2024

Нашите ученици денес беа дел од едукативните интерактивни активности за превенција на криминал и грижа за заедницата. Овој настан беше реализиран во Младинскиот парк во Велес, во организација на Бирото за јавна безбедност.

467566717_572560441827916_7332321522360298165_n
previous arrow
next arrow

20/11/2024

Младите се нашата иднина!

Денес, во рамки на нивната наставна програма ученици од ОСУ “Јовче Тесличков” беа во посета на Општина Велес, каде имаа можност да се запознаат со работата на општината, советот и градоначалникот.

Споделив дел од моите работни навики и им посочив дека нивните потреби, предлози и идеи се секогаш добредојдени.

Посветено, за Велес по мерка на младите!

467444627_3354781461318698_1142569783580222768_n
previous arrow
next arrow

18/11/2024

На 15.11.2024 г. ученици од прва до трета година од нашето училиште ја посетија Народната банка на Р.С. Македонија и проследија предавање на тема „Запознавање со функциите на Народната банка“.

Имаа можност да се запознаат со работењето на Народната банка и сите новини во врска нејзините ингеренции. Го посетија и Музејот на Народната банка, каде имаа прилика да го видат поставениот нумизматички материјал и нумизматичките музејски предмети.Исто така, од блиску се запознаа со историјата на македонските банкноти инспирирани од македонското културно наследство.

Потоа учениците имаа посета и на Планетариумот при МКЦ, каде преку симулација на ноќно небо, проследија предавање за небесните тела и феномени.

Одговорни наставници: Наташа Михова, Соња Савевска, Билјана Коџабашиева и Радмила Андовска.

1

16/11/2024

На 57 Детски Рацинови средби, нашата ученичка Марија Бошевска од 3а клас освои трета награда на ораторскиот натпревар под менторство на професорката Милка Петровски и пофалница за поетска творба на литературниот конкурс под менторство на професорката Жаклина И. Зафирчева. Браво, честитки!

466679848_3351506078312903_1110731313070573401_n (1)
previous arrow
next arrow

13/11/2024

Освоено ПРВО место на иновативниот натпревар за млади средношколки на возраст од 16-19 години од 6 средни училишта од Вардарскиот плански регион, во рамки на проектот „Еднакви можности за млади девојчиња и жени“, организиран од Џуниор Ачивмент Македонија

Иновативниот натпревар е дводневен настан во кој учениците работат во тимови за да најдат решение на поставен предизвик и го користат своето знаење за да одговорат на поставената задача, применувајќи претприемнички вештини за тимска работа за да најдат иновативни решенија.

На настанот присуствуваа претставници од Вардардски плански регион, бизнис секторот и претставници од невладини организации. Победничкиот тим беше составен од учениците Ангела Анастасова, Марија Бошковска, Искра Ризовска, Ива Петровска и Симона Крстевска, а ментори професорките Каролина Манаскова и Радмила Андовска. Честитки за сите!

465675122_3351001178363393_7514446826799138253_n

13/11/2024

Наградени од Општина Велес, најдобрите велешки ученици и ментори за учебната 2023/2024 година. Честитки!

466501705_3349111638552347_4120285505005519103_n
previous arrow
next arrow

11/11/2024

Дали знаевте дека ученичките заедници можат да бидат наградени за својата работа?

Денес нашите ученици Ана Тодорова – претседател и Суаде Јусуфи – заменик претседател на Средношколската заедница, заедно со училишниот педагог Билјана Коџабашиева, присуствуваа на Регионална презентација за наградата за ученичко учество ,,најГЛАСни”. Оваа награда се доделува четврта година по ред, во организација на Здружението ЛЕАД и Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Сојузот на средношколци. Оваа награда претставува поттик и поддршка на развојот на ученичкото учество во средните училишта.

465845013_3346575172139327_773086163486699724_n
previous arrow
next arrow

08/10/2024

Трета награда за нашата ученичка Марија Бошевска од 3-а клас под менторство на проф. Жаклина И. Зафирчева, на литературниот конкурс за есеј по повод патрониот празник на ССОУ ,,Димитрија Чуповски” Велес. Честитки!

465609740_3342597439203767_991739734140915962_n
previous arrow
next arrow

03/11/2024

Учество на ученици и професори од нашето училиште на денешната трка ,,Велес трча“. Некои трчаа, а некои ученици од економска – главни поддржувачи на трката ,,Велес трча”.

Учениците изработија забавни мотивирачки пораки од економска специјалност и со нив ги бодреа натпреварувачите. Браво за сите!!!

Фотографии: Филип Спиров 2-а клас.

465271624_3339329632863881_7477254862489249371_n
previous arrow
next arrow

01/10/2024

Забава креирана според желбите на нашите ученици! Прекрасна атмосфера со наш диџеј Luka Petrov и наш фотограф Filip Spirov! Браво!

465250701_3338700679593443_3543943292547509368_n
previous arrow
next arrow

01/11/2024

Денес, наши ученици од прва година со професорката по ликовна уметност Јасна М. Мијакова, беа во посета на ликовна изложба во Ликовниот салон во Велес.

465058739_3334385330024978_7699157547279225492_n
previous arrow
next arrow

30/10/2024

По повод Месецот на книгата, денес наши гости беа писатели од Клуб на писатели ,,Коста Солев Рацин” од Велес. Тие, пред нашите ученици се претставија со свои поетски творби и афоризми. Нивните стихови беа со внимание слушани и со аплаузи наградени од нашите ученици. Им благодариме за прекрасната средба и веруваме дека соработката ќе продолжи и понатаму!

464835649_3328485017281676_3522061288493576225_n

27/10/2024

Во рамки на проектот,, Промоција на безбедна училишна средина”, нашето училиште беше селектирано помеѓу останатите 25 училишта од државата кои ќе работат на овој проект. За таа цел, во периодот 25 -26.10.2024 година, проектниот тим составен од проф. Милка Петровски и училишниот педагог Билјана Коџабашиева, беа дел од обуката за сите училишта селектирани во овој циклус.

Преку овој проект ќе се придонесе за остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина.

464574837_3325227517607426_7943777652032878309_n
previous arrow
next arrow

25/10/2024

На 24.10.2024 г. со завршната свечена приредба беше финиширано чествувањето на патрониот празник на ОСУ ,,Јовче Тесличков” Велес. Наши ученици ја подготвија и одиграа драмската претстава ,,Младост – лудост” под менторство на проф Жаклина И. Зафирчева. За ораторскиот дел во кој настапија ученичките Марија Ќириќ и Мерве Исмаилова ментор беше проф. Милка Петровски, а со музички настап се претстави ученикот Лука Николовски под менторство на проф. Душан Банев. Настанот се одржа во салата на општина Велес.

464275214_3322068184590026_8824908821008945330_n
previous arrow
next arrow

23/10/2024

На 22.10.2024 година, велешката фудбалска легенда Панче Ќумбев, одржа предавање на тема: Спорт, менаџмент и бизнис. Исто така и адвокат Марјан Пљаков ги запозна учениците со законската регулатива поврзана со заштитата на правата на професионалните спортисти. Со тоа беа заокружени активностите од областа на спортот по повод патрониот празник на училиштето.

464379000_3321939347936243_9116244822495540457_n
previous arrow
next arrow

23/10/2024

Во чест на Патрониот празник на нашето училиште, беше успешно реализирана работилницата „Претприемнички предизвик: Project Playground Workshop“, организирана од нашите ученици – членови на Маркетинг агенцијата. Во оваа креативна и инспиративна активност учествуваа ученици од четири Основни училишта: ОУ „Блаже Конески“, ОУ „Васил Главинов“, ОУ „Панко Брашнаров“ и ОУ „Кирил и Методиј“.

Учесниците покажаа извонредена посветеност и вклученост во реализацијата и постигнаа значајни резултати во развивањето на претприемничките вештини, запознавањето со процесите на планирањето и реализацијата на продажбата, како и унапредување на тимската работа и комуникациските способности.

Посебна благодарност и пофалба за сите учесници за нивната ангажираност, иновативност и тимска работа, кои беа клучни за успешното реализирање на оваа работилница.

Честитки за победничкиот тим број 3 – „FUN FRUITS“!

464154326_3320617721401739_1247087098515512490_n
previous arrow
next arrow

22/10/2024

Денес, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште, беше организирана работилница со деветтоодделенците од основните училишта во општина Велес на тема ,,Elevator speech- преставување на бизнис идеја во една минута”, под менторство на професорките Маја Талеска Панова и Марија Панчевска. Учениците имаа можност да научат како да формулираат и презнетираат своја оригинална бизнис идеја на концизен и убедлив начин. Преку инерактивни активности, тие развија вештини за комуникација, самодоверба и убедување кои се клучни за секој перетприемач. На денешната работилница учениците се истакнаа со оригиналноста и ентузијазмот при презнетацијата, и овој настан не само што ги мотивираше да размислуваат иновативно, туку и ја согледаа важноста на деловната комуникација.

464416331_3320438814752963_5701326845398004246_n
previous arrow
next arrow

22/10/2024

Денес во просторите на нашето училиште беше потпишан меморандум за соработка помеѓу нашето училиште и Младинскиот образовен форум.

Посакуваме успешна соработка .

464203435_3319955648134613_5074396171733218262_n
previous arrow
next arrow

21/10/2024

На ден 21.10.2024 започнавме со одбележување на Патрониот празник на нашето училиште.

Нашите ученици беа дел од активноста Јавно говорење каде говореа на тема ,,Имам нешто да кажам за својата иднина”.Учениците се подготвуваа под менторство на професорката Милка Петровски. Потоа следеше дебата на англиски јазик на тема “Artificial Intelligence- a revolution or an end of an era” под менторство на професорките Марија Левкова Куновска и Рената Софијанова Николова. Си поминавме одлично

464144355_3318937994903045_8956806864183844747_n
previous arrow
next arrow

21/10/2024

Во текот на изминатата недела се одржаа меѓукласни натпревари во фудбал како активности предвидени за одбележување на Патрониот празник на училиштето.

Денес се одигра финалниот натпревар во кој победници се тимот на I-г клас.

Воедно изразуваме и голема благодарност до Општина Велес за изградбата на спортските терени кои многу ќе придонесат за поквалитетно реализирање на редовните часови по спорт.

463983907_3314931925303652_733145374021580872_n
previous arrow
next arrow

19/10/2024

По повод светскиот ден за борба против трговија со луѓе на 18.10.2024 год.,во просториите на нашето училиште се одржа врсничка едукација на тема: Борба против трговијата со луѓе. На едукацијата учестуваа ученици од прва и втора година. Тие се запознаа со процесот на регрутирање, транспорт и експлоатација на лица – жртви на трговија со луѓе. Целта на оваа активност е да се разбуди вниманието кај младата популација и да се посочи на опасностите кои ги носи трговијата со луѓе.

463209729_3312040238926154_6593355847120152924_n

17/10/2024

Денес се одржаа натпревари во одбојка (женски) и футсал (машки) помеѓу учениците од ОСУ ,,Јовче Тесличков” и ССОУ ,,Димитрија Чуповски” Велес , по повод патрониот празник на нашето училиште.

463407344_3309214942542017_4247438123473294802_n
previous arrow
next arrow

15/10/2024

Денес, во просториите на Europe Hause Veles, учениците од нашето училиште заедно со училишниот педагог Билјана Коџабашиева и професорката Милка Петровски, земаа учество на работилницата по повод Деновите на Erasmus+ програмата. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше интерактивна работилница на тема ,,Кариерно советување и доживотно учење”.На истата беше презентирана EPALE платформата и можностите што ги нуди.

462318503_3298917143571797_1807408003177476686_n
previous arrow
next arrow

07/10/2024

На 07.10.2024 год. во просториите на Европската куќа се одржа консултативна средба, во која активно се вклучија ученици од нашето училиште, како и општински панел со претставници од општината и воспитно образовните институции.Темите на средбата беа поврзани со поттикнување на детското учество во локалното планирање и носење одлуки.

Консултативната средба е активност во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, спроведуван од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП.

462185903_3294541857342659_6585524254111899065_n
previous arrow
next arrow

04/10/2024

Денес во нашето училиште од страна на Џуниор Ачивмент Македонија, се реализираше работилница од програмата ,,Млади во циркуларна економија (Girls Go Circular)”, развиена од Европскиот институт за информации и технологија и финансирана од Европската Унија.

Проектот се спроведува во повеќе основни и средни училишта, преку едукативна платформа во чии рамки учениците имаат можност да ги продлабочат своите знаења за циркуларната економија, притоа стекнувајќи дигитални и претприемачки вештини. Платформата и курсевите се дизајнирани да ги ангажираат учениците во практични активности, индивидуално и во групи и да ги охрабрат да работат на решенија за важни социјални и еколошки предизвици.

461974375_3292192264244285_954161666483981042_n
previous arrow
next arrow

30/09/2024

На ден 30.09.2024 год. беше формирана Средношколската заедница при ОСУ ,,Јовче Тесличков”- Велес.

Претседател – Ана Тодорова,

заменик-Суаде Јусуфи,

записничар-Јована Димковска.

На состанокот беа избрани и претставници од секоја генерација.

Им посакуваме успех на новото раководство на Средношколската заедница и секако оваа учебна година да продолжат да работат посветено кон афирмација на заедничките интереси како во рамки на училиштето така и надвор од него.

460810849_3278229185640593_3888397083192140556_n
previous arrow
next arrow

20/09/2024

Ученици од нашето училиште заедно со координаторот на мировниот тим во училиштето професор Милка Петровски и со училишниот педагог Билјана Коџабашиева, организираа и реализираа работилница по повод Светскиот ден на мирот. На истата учениците дискутираа, цртаа и твореа на тема ,,Мирот сум јас, мирот си ти, мирот сме сите ние”. Исто така, учениците беа дел од Маршот на мирот кој традиционално се одржува 11та година по ред.

Овие активности се дел од програмата за Мировно образование на нашето училиште која е воспоставена од страна на Првата детска амбасада ,,Меѓаши”.

459923768_3277192882410890_5616749722988974786_n
previous arrow
next arrow

19/09/2024

Одбележан Светскиот ден на демократијата.

Учениците од нашето училиште, заедно со професорката Милка Петровски, на ден 18.09.2024 г. беа дел од еднодневниот семинар на тема ,,Демократијата и Собранието” .

Овој семинар традиционално се одржува во Собранието на РМ, по повод 15ти септември Светскиот ден на демократијата, а е организиран од страна на Парламентарниот институт при Собранието.

Семинарот има за цел да ги информира и едуцира младите за важни теми поврзани со демократијата и активното граѓанство, историјата на македонскиот парламентаризам, дијалогот, дебатата и техниките на јавно говорење.

17/06/2024

Стигнаа медалите за најдобрите од МАССУМ натпреварите! Доказ за креативноста, трудот и посветеноста на учениците и менторите! 👏🏆🥇🥈🥉

447272365_3180004132129766_5752224306382195089_n
previous arrow
next arrow

07/06/2024

Општинскиот совет за превенција од детско престапништво одржа едукативна презентација на тема ,,Заштита од злоупотреба на дрога”. На трибината говореше претседателката на Општинскиот совет за превенција, Менче Андреева, психологот Тоше Лучков и Билјана Ѓакова од Советот за превенција при СВР Велес. На овој настан присуствуваа ученици од нашето училиште и земаа активно учество со прашања до стручните лица за негативните ефекти од нејзиното користење и последиците врз психо-физичкото здравје на една личност.

447503389_3178567978940048_2352634184332663728_n
previous arrow
next arrow

05/06/2024

Денес, нашите ученици заедно со проф. Милка Петровски, беа во посета на Собранието на РМ каде се запознаа со историјатот, надлежностите и просториите во кои работат народните избраници.Тие исто така беа примени од новоизбраниот претседателот на Собранието и имаа можност да поразговараат со него.

Оваа посета се реализира на покана на Парламентарниот институт

446881731_3177198222410357_1199306487186145316_n
previous arrow
next arrow

03/06/2024

Денес, нашите ученици од прва година, реализираа еднодневна научно-наставна екскурзија посетувајќи ги: Шарената џамија во Тетово, Мавровското Езеро, Вруток и манастирот Св. Јован Бигорски.

DSC03171
previous arrow
next arrow

30/05/2024

Денес, во ОСУ,, Јовче Тесличков” Велес, се одржа Отворен ден, на кој присуствуваа деветтодделенците од основните училишта во градот и околината.

Тие се запознаа со образовните профили кои им ги нуди нашето училиште како можност во изборот на нивната идна професија.

Се надеваме дека ќе го направат вистинскиот избор и ќе станат дел од нашата средина на патот до идни дигитални маркетари, економисти, бизнис администратори, трговци…

11/05/2024

Горди сме на нашата ученичка Ангела Анастасова!

Таа е добитничка на стипендија за ,,Новинарски спринт” организиран од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД , ,,Младите размислуваат”, во кој беа избрани 8 средни училишта!

Ангела која го изучува дигиталниот маркетинг во нашето училиште ќе има можност да стапи во светот на дигиталниот маркетинг и новинарството преку Медиумската информативна агенција (МИА) каде ќе реализира пракса под менторство на искусен новинар, ментор.

Таа ќе има шанса да работи на темата за еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија – дивите депонии, кои несовесно од страна на одредени граѓани се формираат во Велес и Езерото Младост и се сериозен предизвик за нашата заедница со што го заслужуваат јавното внимание.

Ангела, ти си пример за младите луѓе кои се ангажираат со важни теми и се вклучуваат во јавниот дијалог. Честитки за оваа прилика и ти посакуваме успех во твојата новинарска кариера и практично стекнување на вештини во областа на зелениот дигитален маркетинг!

Благодарност до сите ученици од нашето училиште кои со свои синопсиси учествуваа на овој новинарски спринт под менторство на проф.

Маја Талеска Панова.#ИнститутЗаКомуникацискиСтудии #УСАИД #ОСУЈовчеТесличков #МИА #ДивиДепонии #Велес #ЕзероМладост #ЗеленДигиталенМаркетер

11/05/2024

Нови награди за ОСУ ,,Јовче Тесличков” и денес!

На Државниот натпревар по англиски јазик, освоени две втори места и тоа за ученичката Марија Ивановска и ученичката Марија Ќириќ!

Ментор проф. Рената Софијанова Николова! Честитки!!!

10/05/2024

Браво за учениците од прва година од профилот Дигитален марктинг Леонид Велинов и Филип Спиров.

Тие со нивниот ментор професор по Информатика Антонио Пановски, го освоија второто место во категоријата Најдобра Веб страна, во конкуренција на четириеситина средни стручни училишта од цела Македонија!

10/05/2024

ОСУ,,Јовче Тесличков” секогаш доминира на натпреварите за најдобар маркетинг план.

Така и оваа година на Државниот натпревар на средните стручни училишта во Македонија, МАССУМ, освоија второ место.

Тие се претставија со Маркетинг план за иновативен производ Смарт педалинка со обновлив извор на енергија со помош на соларни панели!

Браво за екипата во состав: Марија Бошевска, Марија Ќириќ, Сара Вељанова и Максим Чукниев и менторите проф. Нада Јованова и проф. Наташа Михова.

10/05/2024

Првото место за Најдобра Видео реклама на МАССУМ во вистински раце, кај учениците од профилот Дигитален Маркетинг во нивната најглавна област на учење.

Посветеност во работата со симбиоза на креативност и знаење во областа на дигиталниот маркетинг им ја донесе победата на нашите млади маркетари.

Заслужено, браво за тимот: Ангела Анастасова, Ива Петровска, Искра Ризовска, Симона Крстевска и Деспина Трајкова, со менторите проф. Радмила Андовска и проф.

Каролина Манаскова!

10/05/2024

Дури 6 освоени награди на ОСУ ,,Јовче Тесличков” на МАССУМ државните натпревари кои се одржаа денес во Радовиш. Наградите се во следниве категории:

1. Најдобар штанд – второ место

2. Веб страна – второ место

3. Маркетинг план – второ место

4. Видео реклама – прво место

5. Интервју за работа на македонски јазик – прво место

6. Јавно говорење на албански јазик – трето место!

Честитки за сите наградени, благодарност и пофалба за сите учесници!

26/04/2024

Денес, ученици од нашето училиште, го обележаа 28 април, глобалниот “Pay It Forward” ден, на кој се слави споделувањето на добрини.

Овој ден постои за да ги охрабри луѓето да се залагаат за добрина од добрината на нивните срца!

Со рачно изработени креации нашите ученици ги израдуваа најмалите а на возрасните им делеа картички со пораки со цел да да им го разубават денот, но и да ги поттикнат случајните минувачи и тир да прават добри дела.

Нашата мисија е да инспирираме дела на љубезност со надеж дека бранот на добрината ќе продолжи и понатаму …. Да го направиме заедно светот поубаво место за живеење!

Добрината е заразна … споделете ја

26/04/2024

И нашите ученици на Велигденскиот базар.

437762949_3139138342883012_4752799417810472143_n
previous arrow
next arrow
17/04/2024

Денес, наши ученици од IV година, присуствуваа на дебата на тема ,,Дигитални јамки и замки”. Овој настан беше организиран од Делегација на ЕУ и Europe House Велес.

Учениците се запознаа со дигиталните предизвици и начини за нивно справување.

2352346
previous arrow
next arrow
15/04/2024

Денес, нашите ученици заедно со училишниот педагог Билјана Коџабашиева и предметниот професор Милка Петровски, беа дел од завршниот настан на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“.

Настанот се случи на отворено во Градскиот парк, каде во опуштена атмосфера младите си ги кажаа проблемите и желбите, а градоначалникот Колев ги ислуша и им вети дека во рамките на можностите, Општина Велес, во иднина ќе ги реализира.

437961536_3135507199912793_793526170548456102_n
previous arrow
next arrow
13/04/2024

По повод Денот на командата за обука и доктрини, денес наши ученици ја посетија касарната ,,Алексо Демниевски Бауман”- Велес.

437713401_3134591073337739_1890363771818106727_n
previous arrow
next arrow
12/04/2024

Денес, наши ученици со проф. по македонски јазик Жаклина Зафирчева и училишниот педагог Билјана Коџабашиева, во салата ,,Бели мугри” ја проследија театарската претстава „Тивки жртви“ во изведба на Младинско драмско-поетско студио ПРЕМИЕРА.

Претставата ја обработува темата за врсничко насилство, булинг и сајбер насилство, негативни појави кои го окупираат секојдневието на младите во денешницата.

DSC02708
previous arrow
next arrow
08/04/2024

Денес ОСУ ,,Јовче Тесличков” беше домаќин на завршната конференција на проектот ,,Учиме преку работа во училиште и се подготвуваме за работа во стопанството” кој се реализираше во соработка со Економско – угостителското училиште ,,Вук Караџик ” од Велика Плана, Република Србија.

Членовите на проектниот тим од нашето училиште, директорот м-р Васко Трајковски и наставникот по информатика Антонио Пановски, пред присутните ја презентираа Платформата ,,Виртуелко” и Прирачникот за работа во виртуелни компании, кои ќе им помогнат на учениците од економската струка во делот на практичното образование.

435355034_3129248000538713_3510455492667698779_n
previous arrow
next arrow
04/04/2024

Во текот на вчерашниот ден се одржаа две работилници на тема: Врсничко насилство меѓу младите“ и „Инклузија и конструктивни наративи“, во организација на Општина Велес, во хотел Гардениа.

На работилниците учествуваа ученици од нашето училиште под менторство на одговорен професор Милка Петровски и педагог Билјана Коџабашиева.

Преку интерактивни вежби и видео презентации, предавачите на работилницата им ја доближија темата на учениците кои активно се вклучија во дебата за решавање на овие појави во секојдневието на младите.

435324187_3127135614083285_4177436622098450985_n
previous arrow
next arrow
01/04/2024

По повод 1 април – Денот на Државниот архив и архивските работници во Македонија, Одделението Велес организираше низа активности во работните простории и надвор од нив.

Активно учество земаа наши ученици и одблиску се запознаа со работата на Државниот архив.

434356616_3125324464264400_1020266909985720082_n
previous arrow
next arrow
30/03/2024

На 29.03.2024 г. во Europe House – Велес, во рамките на проектот ,,Млади за инклузија, еднаквост и доверба” нашите ученици со училишниот педагог учествуваа во едукативна работилница на тема ,,Ментално здравје кај младите како предизвик на новото време”.

434392617_3122328634563983_5228711889045755796_n
previous arrow
next arrow
26/03/2024

Работилници во две сесии на тема „Врсничко насилство меѓу младите“ и „Булинг меѓу младите“. Учествуваа повеќе наши ученици, училишниот психолог и педагог.

434118133_3118821978247982_7255078397556584764_n
previous arrow
next arrow
21/03/2024

Во рамките на одбележување на месецот на Франкофонијата , месец Март, на 20.03.2024, ученици од ОСУ ,,Јовче Тесличков ” кои го изучуваат францускиот јазик, имаа неформална франкофона средба со претставници од Францускиот институт во Скопје.

Одговорен професор Валентина Јанакиева – Дечева

22.05.2024

Наши ученици во текот на вчерашниот ден беа во посета на Народниот правобранител каде се запознаа со заменикот на народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

Таа ги запозна со институцијата Народен правобранител и неговите надлежности, а воедно и одржа работилница за правата на децата.

22.05.2024

Презентација на ОСУ,, Јовче Тесличков” Велес на Саемот на средни училишта пред деветтодделенците и нивните родители во ООУ ,,Блаже Конески” Велес

11/05/2024

Горди сме на нашата ученичка Ангела Анастасова!

Таа е добитничка на стипендија за ,,Новинарски спринт” организиран од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД , ,,Младите размислуваат”, во кој беа избрани 8 средни училишта! 

Ангела која го изучува дигиталниот маркетинг во нашето училиште ќе има можност да стапи во светот на дигиталниот маркетинг и новинарството преку Медиумската информативна агенција (МИА) каде ќе реализира пракса под менторство на искусен новинар, ментор.

Таа ќе има шанса да работи на темата за еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија – дивите депонии, кои несовесно од страна на одредени граѓани се формираат во Велес и Езерото Младост и се сериозен предизвик за нашата заедница со што го заслужуваат јавното внимание.

Ангела, ти си пример за младите луѓе кои се ангажираат со важни теми и се вклучуваат во јавниот дијалог. Честитки за оваа прилика и ти посакуваме успех во твојата новинарска кариера и практично стекнување на вештини во областа на зелениот дигитален маркетинг!

Благодарност до сите ученици од нашето училиште кои со свои синопсиси учествуваа на овој новинарски спринт под менторство на проф.

Маја Талеска Панова.#ИнститутЗаКомуникацискиСтудии #УСАИД #ОСУЈовчеТесличков #МИА #ДивиДепонии #Велес #ЕзероМладост #ЗеленДигиталенМаркетер 

Во нашето училиште во рамките на реализирање на програмата Слободни часови – Претприемништво и бизнис – Маркетинг Агенција, редовно се содржуваат работилници за Business Model Canvas како алатка за дизајнирање и тестирање на бизнис моделот. Членовите на Маркетинг агенцијата „SKY“ со помош на нивните ментори ги обучуваат деветооделенците од сите основни училишта во градот за овој бизнис модел за кои постои многу голем интерес и како алатка да го имплементираат во понатамошното средно и високо образование. Canvas е корисен учениците да стекнат способност да развиваат бизнис идеја и да ја претстават на концизен и краток начин бидејќи дава препораки што треба да помогнат во развој на бизнис идејата.Тој е составен од девет клучни точки во коишто се содржани неколку битни прашања, на кои претприемачот треба да најде соодветен одговор.

Една од активностите со која ја одбележавме Глобалната недела на парите во нашето училиште, на 29.03.2022 беше тргувањето на Виртуелната Македонска Берза. Нашите ученици тргуваа во реално опкружување со берзанските членки и виртуелни средства трудејќи се да креираат што подобро портфолио на хартии од вредност. Тие постигнаа солидни резултати кои имаа за цел да создадат чувство за распределба на ризик, предвидувања нa берзанските движења и трансакции на електронско тргување преку BEST системот.

🌺 По повод 8 Март, Денот на жената, во просториите на училиштето се одржа дебата на тема ,,Жените имаат еднакви можности во бизнисот како и мажите”. 🌺Два тима од наши ученици дебатираа на оваа тема, а потоа им се обрати денешната наша гостинка г-ѓа Коцева Менче, менаџер во Осигурителна компанија,,Уника” која им ја презентираше својата успешна деловна приказна. Дебатата привлече големо внимание кај учениците, кои следеа со внимание и поставуваа прашања. Благодарност до учениците-учесници во дебатата, професорките по Бизнис Соња Савевска и Ангелина Мачавелова, а најголемо благодарам до г-ѓа Менче Коцева за одвоеното време и споделената успешна приказна која ќе биде пример и поттик за учениците!🌺

Во чест на Меѓународниот „Пи Ден“, во нашето училиште, на 14 Март 2022, учениците од Ученичката Маркетинг Агенција „Скај“ реализираа математичко – логички квиз. Честитки до сите три тима составени по еден учесник од I, II и III година. И едно големо браво за победниците Мартин, Ема и Фатиме!